Ринкон поминал на црвено и доживеа несреќа кога во неговиот авомобил удри автобус кој се движел со голема брзина, при што двете возила се оштетени, а поранешниот фудбалер е тешко повреден.
Докторите соопштија дека неговата состојба е сериозна, додека неговиот пријател Хамилтон Рикард беше песимист.
„Ако преживее, ќе има многу последици. Може да се молиме и да чекаме. Докторите ни ја кажаа вистината. Ако добиеме добри вест, ќе биде чудо. Примен бил во болница со работа на мозокот од само четири отсто, а операцијата траеше три ипол часа“, вели Рикард.