Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас конечно доби минутажа во Лајпциг, влезе во финишот од дуелот против Сент Паули во кој неговиот тим победи со 4-2, а Елмас беше асистент на последниот гол.

Елмас во игра влезе во 76. минута, четири минути подоцна му додаде на Антонио Нуса кој по асистенцијата почна продор по кој погоди за 4-2.

 

Претходно два гола за Лајпциг даде Полсен, еден Баумгартнер, головите за Сент Паули беа дело на Гулавоги и Смит.

Пласман понатаму забележа и Баер Леверкузен против Елверсберг со 3-0. Патрик Шик беше двоен стрелец, погоди и Гарсија, а сите три погодоци паднаа во првото полувреме.

Убедлива победа оствари и Аугсбург против Шалке (3-0), додека Карлсруе го совлада Офенбах (0-2).