Македонскиот репрезентативец Бобан Николов на својот втор натпревар за Шериф во молдавското првенство го постигна и својот втор гол.
Фудбалерот од средниот ред денеска стрелаше прецизно во победата од 7-0 на гостувањето против Динамо Ауто во 70.минута. Тој не беше стартер и влезе во игра во 60.минута и кратко потоа реализирше во мрежата на ривалот.