Алиоски имаше асистенција на последниот меч со Ал Батин и тоа за него беше осма сезонава, покрај шесте гола кои ги има дадено, па севкупно директно учествувал во 14 погодоци на својот тим, нешто што не се случило од ниту еден бек во историјата на професионалната лига во Саудиска Арабија, инаку земја учесник на претстојниот Мундијал во Катар.
Колкав е директниот ефект на Алиоски најдобро говори и податокот дека повеќе од третина од вкупниот број на голови на Ал Ахли се директна заслуга на популарниот Џани, зашто саудискиот клуб од Џеда сезонава на 26 меча има само 35 дадени голови.