Виљареал се враќа во форма и стигна до третиот триумф во низа откако победи во спектакуларен меч на гости во Севиља кај Бетис со 2-3.
„Жолтата подморница“ имаше негатива по првиот дел, но до крајот во трилер натпревар успеа да извојува многу важна победа. Родригез и Вилијан Жозе беа стрелци за Бетис, додека на спротивната страна прецизен беше Баена. Домаќинот замина на паузата со предност од 2-1.
Уште на стартот од второто полувреме домашните навивачи добија „студен туш, откако нивните миленици ја прокоцкаа предноста по само три минути игра. Трагичар беше Гркот Папастатопулос, кој си постигна автогол, а до комплетен пресврт дојде дваесетина минути подоцна, кога искусниот Александар Сорлот донесе прво водство за гостите.