Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола потврди дека Ерлинг Халанд ќе ги одигра првите минути на дуелот против Баерн Минхен што се игра вечерва во Грен Беј, САД.
Норвежанецот го пропушти претходниот натпревар на „граѓаните“, бидејќи не беше целосно фит по повредата. Не се очекува да игра цел натпревар против Баварците, но сигурно ќе има минутажа.
Натпреварот се игра рано наутро во недела во 1 часот по полноќ. Еден час подоцна почнува и лондонското дерби помеѓу Челси и Арсенал, а од 5 часот по полноќ се игра и Ел Класико помеѓу Барселона и Реал Мадрид во Лас Вегас.