Рајо Ваљекано постигна нова победа во Ла Лига, овојпат триумфираа над Алмерија со 2-0. Блескава партија без примен гол имаше македонскиот голман, Столе Димитриевски.
По победата над Виљареал, Рајо Ваљекано освои нови три бода, настрада тимот на Алмерија.
Димитриевски ја сочува својата мрежа, а противничката најпрво ја затресе, Родриго Ели кој си постигна автогол во 54 мин., а победата ја завери Гарсија кој ги постави конечните 2-0.
По 20 одиграни кола во Ла Лига, Рајо Ваљекано е на фантастичното петто место на табелата. Сега имаат 32 бода, само три помалку од четвртопласираниот Атлетико Мадрид.