Поранешниот македонски репрезентативец Горан Пандев на крајот на зимскиот преоден рок го засили второлигашот Парма, а денеска дебитираше за екипата во ремито против Беневенто (0-0) во 21. коло од италијанската Серија Б.

Пандев доби шанса во второто полувреме, но не успеа да му помогне на својот тим во борбата за победа, па така Парма мораше да се задоволи со бод.

Парма во моментов има 25 бодови и веќе три натпревари не знае за победа, па се наоѓа на 13. место, односно има седум бодови помалку од позициите кои водат во плејофот за пласман во Серија А.

Standings provided by SofaScore LiveScore