Бундеслигашот вчера објави дека го комплетирал трансферот на иранскиот репрезентативец, а соработката почнува од 30 јуни 2022 година. Голгетерот потпиша петгодишен договор со тимот од Леверкузен.
„Ова е голем чекор за мене од најдобриот клуб во Русија во една од најсилните европски лиги“, рече Азмун.
Тој ќе има сериозна конкуренција за стартно место во нападот на „фармацевтите“, бидејќи во тимот се уште и Патрик Шик и Лукас Аларио. Азмун за Зенит постигна 62 гола на 104 натпревари, а претходно играше и за Рубин Казањ и Ростов. За иранската репрезентација има 39 голови на 60 натпревари.