Големите финансиски проблеми има Барселона поради долг од над една милијарда евра, може брзо да се разрешат. Каталонците добиле неверојатна понуда од Катар за да ги продадат правата на својата франшиза за 100 милиони евра годишно.
Според информации на шпански медуми, во Катар сакаат да формираат клуб под името Барселона и Жоан Лапорта веќе добил конкретна понуда од шеиците, да им ги продаде правата за франшизата, а за возврат тие да плаќаат по 100 милиони евра годишно.
Ваквиот бизнис многу брзо ќе ја стави каталонската гордост на здрави нозе, но освен понудата за откуп на франшизата, нема детали што тоа поточно значи и дали е планирана дополнителна соработка на каталонската со катарската Барса.
Барселона поради големите финансиски проблеми има потешкотии да регистрира фудбалери и поради тоа го загубија Лионел Меси пред две години, а летово таа пречка беше преголема за да го вратат и Аргентинецот замина во Интер Мајами.