Новиот сопственик на Челси, Тод Боли  не ги жали парите, сините имаа историски преоден рок, потрошија многу, а со трансферот на Енцо Фернандез го урнаа и рекордот на лигата.

Челси во јануари потпиша со осум фудбалери, од нив седум купи, а Жоао Феликс пристигна на позајмица за 9,7 милиони фунти.

Најголемиот трансфер во историјата на Челси и историјата на Премиерлигата е трансферот на Енцо Фернандез од Бенфика за кој сините плаќаат 106,8 милиони фунти (121 милион евра).

Мега трансфер, еден од најголемите е и ангажманот на Михаило Мудрик од Шахтор за кого Челси плати 88,5 милиони фунти.

Трет најскап трансфер оваа зима е Беноа Бадиашил од Монако за 35 милиони фунти, Нони Мадуеке од ПСВ го ангажираа за 29 милиони фунти, а Мало Густо од Лион за 26,3 милиони фунти.

За Андреј Сантос на Васко да Гама му платија 18 милиони фунти, а Давид Датро Фофана го купија за 10 милиони фунти од Молде.