Ривер, каде изникна Енцо, најдобриот млад фудбалер на светот, од трансферот ќе заработи чисти 32 милиони евра, зашто имаше четвртина од сопственоста врз фудбалерот плус бонуси и ова е рекорд над рекордите за аргентинскиот клуб, иако индиректно учествуваше во трансферот.
Досегашниот рекорд на Ривер беше 35 милиони евра од Хавиер Савиола на почетокот на новиот милениум, кога тогашниот аргентински репрезентативец замина во Барселона, чиј тренер во младинските категории е моментно. Ама, Ривер има плус заработка од трансферот во Бенфика, па севкупно младиот фудбалер за врска ќе донесе безмалку 50 милиони евра, што е вистинско богатство а пред само осум месеци сѐ уште беше дел од славниот клуб од Буенос Аирес.
Фернандез во Бенфика дојде летоска за 15 милиони евра и експресно го сврте вниманието со настапите во ЛШ, а потоа и на СП во Катар каде Аргентина по 36 години чекање ја освои својата трета светска круна.