Екипата на Кристал Палас му стана кошмар на Арсенал. Вечерва за малку ќе го совладаше на „Емирати“ но и резултатот 2:2 означи дека „орлите“ веќе четврти меч по ред не знае за пораз од лондонскиот ривал.

Обамејанг го доведе Арсенал во водство во 8. минута, а во второто Палас направи комплетен пресврт. Прво Кристијан Бентеке изедначи, а Едуард во 73. минута го совлада Рамсдејл. И се одеше кон победа на Палас, меѓутоа во петтата минута од судиското продолжение на времето Лаказет погоди и спаси бод за „топчиите“.

Палас го впиша петтото реми и е на 14. место со 8 бодови, а Арсенал е на 12. место со 11 бодови.