Ги одбил сите функции и повисоки плати за да може да живее како обичен човек .
Се сеќавате на Јане Ахонен? Тој толку многу ги сакаше скијачките скокови што двапати се врати од пензија, а сега целосно се „олади“ од спортот и работи сосем друга работа.
Еден од најдобрите ски скокачи на сите времиња, Јане Ахонен (44), се повлече од овој спорт во 2018 година, кога по трет пат пресече дека веќе не е спремен за големи натпревари.
Во текот на неговата долга кариера, освои два сребрени медали од Олимписките игри, вкупно уште 10 на светските првенства, од кои пет златни, а пет пати ја освои познатата зимска турнеја „четири скокалници“. Меѓутоа, денес живее сосема поинаков живот .
По официјалното пензионирање, тој работеше во Финската скијачка федерација, но поднесе оставка и се посвети на работата што отсекогаш сакаше да ја работи – автомобилската индустрија.
Имено, Ахонен сега дизајнира, реконструира и продава луксузни кампери.
“Најмногу се фокусирам на кампери, ги правам и продавам. Работам и на нивно опремување, редизајнирање . Клиентите ми се јавуваат и бараат да им инсталирам одредени работи. Среќен сум што конечно можам да живеам како нормален човек .Убаво е да се вратиш дома од работа и да знаеш дека имаш време за себе “, откри Ахонен неодамна во интервју.
Ахонен сега има постојана работа и редовен приход, а покрај тоа понекогаш работи и како професионален консултант на телевизија, но самиот посочува дека сега е сосема друга личност и не се гледа себеси како спортска легенда.
“Секогаш нагласувам дека Јане Ахонен, поранешниот национален херој на Финска, повеќе не постои. Имав среќа да водам привилегиран живот, но за среќа тоа време помина”, вели славниот скокач , чие интервју го слушнале и неговите славни колеги Адам Малиш и Камил Штох и останале во шок .