Селекторот на сениорската репрезентација на Македонија , Кире Лазаров го соопшти списокот за ЕХФ неделата , кој ќе бисе последен собир пред Европското првенство во Унгарија и Словачка . Собирот е закажан на 31 октомври , а повиканите ракометари ќе имаат шанса да се наметнат за да влезат во конкренција за настап на Европскиот шампионат .
На списокот се најдоа младите надежи на Бутел , Марко Митев и Павле Атанасијевиќ од Еурофарм Пелистер 2 , како и пивотот Кристијан Симоноски од РК Алкалоид . Повратник во репрезентацијата е голманот Градимир Чаневски од РК Бутел .
На резервниот список се Тоше Ончев кој игра одлично во Тримо Требње(Словенија) , како и Дарко Димитриевски од Германски Емшдетен .