Репрезентацијата на Шпанија за кошаркари до 19 години забележа неверојатна победа од 102-20 против Либан во осминафиналето на Светското младинско првенство кое се одржува во Дебрецин (Унгарија).
Шпанците се првите четвртфиналисти, откако на отворањето немаа милост кон противникот од Азија и во првото полувреме му дозволија да постигне само 6 поени. Шпанија го доби полувремето со 62-6!
Во второто полувреме младите шпански кошаркари постигнаа “само“ 40 поени, додека Либан уфрли “дури“ 14 поени. Во репрезентацијата на Шпанија шанса за настап добија сите 12 кошаркари, а дури 11 од нив се запишаа во листата на стрелците. 20-те поени на Либан беа дело на седум кошаркари.