Во Голд Купот, првенството на Северна Америка, репрезентациите на САД и Јамајка забележаа убедливи победи.
Домаќинот на првенството, селекцијата на САД со убедливи 6-0 ги совлада фудбалерите од Свети Кристофер и Невис. Победникот на натпреварот беше решен уште во првото полувреме, кога американците веќе имаа водство од 4-0. Хесус Фереира постигна хет-трик, Ѓорѓе Михаиловиќ беше стрелец на два погодоци, додека еднаш прецизно стрелаше и Брајан Рејнолдс.
Фудбалерите на Јамајка ја оправдаа фаворитската улога против Тринидад и Тобаго, иако неочекувано забележаа убедлива победа од 4-1. И на овој натпревар победникот беше решен уште во првиот дел, бидејќи јамајканците на паузата имаа предност од 3-0. Фудбалерот на Евертон Демараи Греј беше стрелец на два погодоци, додека по еднаш во листата на стрелците се запишаа Бејли и Ричардс. Единствениот погодок за Тринидад и Тобаго беше дело на Рамперсад.
На табелата во групата “А“ во водство е САД со максимални 6 бодови пред Јамајка со 4 и Тринидад и Тобаго со 3. Свети Кристофер и Невис е без бодови на последното место.