Екипите на Парма и Каљари одиграа неверојатено возбудлив натпревар со пет голови, а гостите ги однесоа трите бода, победија со 3-2.
Возбудувањата почнаа уште во шестата минута кога Мина даде гол за Каљари, но голот му беше поништен поради офсајд.
Гостите дојдоа во водство откако Зортеа стрелаше во 34. минута. Тоа беше резултатот по првото полувремесо предност за Каљари од 1-0.
Тој резултат беше актуелен до 62. минута кога Мен погоди за Парма и израмни на 1-1, но во 75. минута Марин ја врати предноста на Каљари.
Во 87. минута Хернани од пенал изедначи на 2-2, но домаќините немаа време ниту да се израдуваат, а фудбалерите на Каљари тргнаа од центарот и Роберто Пиколи постигна гол за победа од 3-2.
Парма останува на пет освоени бодови, а сега ист скор има и Каљари, кој ја оствари првата победа сезонава.