Екипата на Ал-Ахли од Египет е последниот патник меѓу полуфиналистите на Светското клупско првенство (СКП), со победата над домашната екипа Ал-Итихад (3-1) на настанот кој се одржува во Саудиска Арабија.
Најдобриот играч на домашните Карим Бензема можеше да донесе поинаков тек на натпреварот, но не погоди пенал од белата точка. Малуи донесе предност од пенал во 21. минута за Ал-Ахли, саудиската екипа доби пенал пред крајот на првиот дел, ама најдобриот играч не го реализира и така средбата не се промени.
На стартот на вториот дел, во три минути, поточно во 59. и 62. минута, Ел Шахат и Ашур донесоа водство од 3-0 за Ал-Ахли, па победникот веќе беше познат. Пред крајот на средбата, Карим Бензема се запиша во листата на стрелците за конечни 3-1.
Египетски Ал-Ахли во полуфиналето ќе игра со јужноамериканскиот првак Флуминенсе. Втората двојка ја сочинуваат Урава од Јапонија и европскиот шампион Манчестер Сити.
Тимот на Ал-Итихад за кого настапуваат добро познати имиња како Бензема, Канте и Фабињо не успеа да обезбеди место во полуфиналето на Светското клупско првенство кое се одржува во Саудиска Арабија.
.