Борусија Менхенгладбах и Вердер Бремен одиграа реми во кое се постигнати четири гола (2-2) во првиот натпревар од 15. коло на Бундеслигата. Средбата на „Борусија Парк“ понуди по два гола во двете полувремиња, а на крајот ривалите го поделија пленот.

Гостите поведоа уште во седмата минута. Шмид уфрли во шеснаесетникот, а Рафаел Боре постигна гол за 0-1 и рано водство.Вердер можеше да ја удвои предноста но не успеа, а на спротивната страна Борусија успеа да изедначи. Роко Реиц искористи една одбиена топка околу шеснаесетникот и во 45. минута го матира гостинскиот голман за 1-1.

Борусија тргна подобро по паузата, Ману Коне ја погоди стативата, а по него Плеа ги тестира можностите на Зетерер. По овие шанси, веќе во 49. минута домашните успеаја да направат целосен пресврт. Повторно стрелец на голот беше Раиц, со прецизен удар крај (2-1).

 

До крајот на дуелот гостинот од Бремен тргна во офанзива што резултираше со израмнувачкиот гол за конечни 2-2 а стрелец беше Марвин Дукш.