Фудбалерите на Ѓенова одиграа возбудлив натпревар и го запреа Јувентус во трката за врвот, откако на својот „Луиџи Ферарис“ ремизира (1-1) против фаворитот и му откинаа два важни бода. Дуелот понуди поголемо задоволство за домашните навивачи на екипата на Ѓенова, иако гостинот “старата дама” од Торино водеше на полувреме.

 

Натпреварот започна со релативно израмнета игра, а Јуве беше поофанзивен. Првата шанса ја имаше Федерико Киеза, но неговиот удар заврши над пречката. Бргу потоа судијата Давиде Маса досуди пенал за „старата дама“ по невнимателен старт на Мартинез. Одговорноста ја презеде токму Киеза и во 28. минута донесе предност од 0-1.

https://youtu.be/Mk0XJh8F3tMНа стартот на вториот дел, по само три минути игра „грифоните“ постигнаа израмнувачки гол. Алберт Гудмунсон по една акција излезе сам пред голот и ја смести во мрежата за 1-1. Јувентус се обиде да притисне, но не успеа да дојде до трите бода. Најзрелата шанса за гостите ја имаше Бремер кој шутираше со глава по корнер но не успеа да донесе триумф.

Интер има шанса со триумф над Лацио во Рим да се одлепи на четири бода пред Јувентус, а Џенова е четири бода над опасната зона.