Македонскиот борач Гого Славески кој беше шампион во бокс без ракавици, со пораз почна во Карате Комбат каде во првата рунда загуби од Брендон Џенкинс.

Гого Славески во Карате Комбат не дебитираше така како што посакуваше, Брендон Џенкинс кој има и УФЦ искуство беше подобар од Македонецот и ја оствари победата уште во првата рунда. Сатисфакција за Македонецот беше тоа што дуелот кој се одржа во Лас Вегас, во живо го следеше големиот УФЦ шампион уште еден Македонец, Алекс Волкановски.

По борбата Гого се сретна со Волкановски и преку социјалните мрежи објави колку му значи неговата поддршка.