Бразилскиот напаѓач Ришарлисон во втората минута од судиското надополнување на првиот дел го матира голманот на Нотингем, а домаќинот Форест на почетокот на второто полувреме имаше неколку шанси и успеа да постигне гол, но истиот беше поништен поради офсајд.
KULUSEVSKI DOUBLES THE LEAD FOR TOTTENHAM!pic.twitter.com/uQH5WjjN8q
— Tekkers Foot (@tekkersfoot) December 15, 2023
Тотенхем е на делба на четвртата позиција со Манчестер сити со по 33 бодови, додека Нотингем е на 16. место со 14 бода.
Во 65 минута некогашниот младински репрезентативец на Македонија се запиша во листата на стрелци и ги потврди трите бода.
До крајот Тотенхем остана со играч помалку, ама и тоа не влијаеше за да се промени ситуацијата. Сега четата на Постекоглу има 33 поени, исто колку и шампионот Манчестер Сити кој е на четвртото место.