Осасуна ја продлабочи кризата во редовите на Рајо Валјекано, откако го совлада со 1-0 во 17. коло од шпанската Ла Лига.
Натпреварот беше решен само со еден гол, дури во 95. минута кога Раул го матира македонскиот голман Столе Димитриевски.
Фудбалерите на Осасуна ставија крај на кризата и по шест кола без победа, минимално славеа. Пресметката на „Естадио Ел Садар“ не понуди којзнае колку возбудувања, а кога сите го чекаа крајот, Раул стана херој на својот тим.
Уште на самиот старт Рајо можеше да даде еврогол. Флориан Лежеун изведе слободен удар од околу 30 метри, топката имаше многу незгоден патека, но заврши само во стативата.
До полувремето за Рајо се обидоа Мумин и Раул Де Томас кои не го погодија голот. И во продолжението гостите беа поопасни, се закануваа пак Де Томас и Лежеун, но немаше погодок. На спротивната страна пречка погоди Икер Муњоз, а можностите на Столе Димитриевски ги тестира Монкајола во судиското продолжение.
Последните секунди од дуелот понудија вистинска драма, бидејќи ВАР собата разгледуваше потенцијален пенал за Осасуна, кој на крајот не беше досуден. Но во 95. минута домаќинот дојде до победата на натпреварот. По корнер од левата страна на Арнаис, со глава на петерецот заборавен остана Раул и со глава го матира Столе Димитриевски.
Рајо останува на 10. позиција во Ла Лига со 20 бодови, додека Осасуна е на 12. место со еден бод помалку.