Бетис продолжи со одличните настапи во шпанската Ла Лига, а вечерва славеше со 4-2 против Леванте на Енис Барди во 24. коло од првенството и направи чекор напред во борбата за пласман во Лига на шампиони.
Херој на Бетис беше Набил Фекир, кој постигна гол во 14. минута за водство од 1-0, а потоа Гонзалес и Карваљо стрелаа за предност од 3-0 на гостите. Сепак, надежта за Леванте ја врати Гомез со два погодоци (2-3) во 43. и 47. минута.
Фекир не дозволи никакво изненадување од Леванте, па со втор гол на мечот во 49. минута го потврди триумфот на Бетис од 4-2.
Македонскиот репрезентативец влезе во игра во 66. минута, но не успеа да им помогне на колегите да се спасат од 14. пораз сезонава во Ла Лига.
Бетис е трет на табелата со 43 бодови, а пред него се Севилја со 50 и Реал Мадрид со 54, додека Леванте е последен со 11 бода .и веќе е со една нога пред испаѓање од лигата.