Интер славеше во финалето на италијанскиот Куп против Јувентус со 4-2 по продолженија во меч кој го одбележаа контроверзи, а јунак на триумфот беше Иван Перишиќ кој постигна два гола.

Сепак, неговиот сонародник Марсело Брозовиќ успеа да го украде внимание по победата против вечниот ривал, и тоа со неговата прослава.

Брозовиќ објави фотографија на Инстаграм на која беше во гаќи, а притоа пуши цигара и има пиво во рака.