Наместо дресови, фудбалерите на украинскиот второлигаш Прикарпати од Ивано-Франкивиск облекоа униформи и се построија за да заминат на фронт за да ја бранат Украина од руската агресија, која безмалку два месеци ја разорува земјата.
Голем дел од спортистите во Украина доброволно се приклучуваат на територијалната одбрана и војската во оваа војна со Русија, а фудбалерите на Прикарпати, првично биле засолнети на сигурно, иако Ивано-Франкивиск не е така жестоко напаѓан на западот од земјата, како разурнувањата на истокот.
И првично фудбалерите не биле планирани за територијална одбрана, ако сами не се пријават, но 14 играчи и сите тренери после еден состанок со воено лице, решиле да ѝ пристапат на војската, па по двонеделна обука сега се спремни да заминат на фронт против Русите.