Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се врати на тренинзите по четиринеделна пауза по фрактура на реброто.
Одработи лесен тренинг, по што се пофали на социјалните мрежи велејќи дека е пресреќен што повторно е на теренот.
Поради повредата со која се здоби во Индијан Велс, тој мораше однапред да се повлече од турнирите во Монте Карло и Барселона, но наскоро ќе се обиде повторно да игра. Целта му е да биде подготвен за Мадрид, а потоа и за Рим, пред целосно да се подготви за својот омилен Грен слем – Ролан Гарос.
Рафа ќе има можност да го брка 22. Грен слем во кариерата во Франција, со што потенцијално ќе се оддалечи од Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер по бројот на победи на најголемите тениски турнири.
Неговиот тим соопшти дека Надал се уште „страда“ поради повредата и ќе мора постепено да влегува во тренажен процес во лесен ритам, особено кога е во прашање фазата со рекетот во рака.
https://twitter.com/RafaelNadal/status/1516010626946150404?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1516010626946150404%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsportske.net%2Fvest%2Ftenis%2Fvratio-se-rafa-hoce-li-biti-dovoljno-spreman-za-bitku-za-22-grend-slem-464263