Канадскиот тенисер Денис Шаповалов го победи Александар Зверев со 6:3, 7:6 (5), 6:3 и се пласираше во четвртфиналето на Австралија Опен.
Моментално како 14-ти играч во светот го исфрли трето рангираниот на АТП-листата и го обезбеди своето место меѓу осумте најдобри во Мелбурн, за прв пат во кариерата.
Зверев беше фаворит на овој дуел и поради формата и поради подобриот меѓусебен скор, но тоа на крајот не значеше ништо.
Шаповалов го играше својот препознатлив тенис, бескомпромисно, напаѓачки, со силни форхенди и сервиси.
Исто така, имаше речиси двојно повеќе винери, со малку повеќе неизнудени грешки, што немаше влијание врз конечниот исход.
Шаповалов стигна до првиот сет благодарение на брејкот во четвртиот гем, а слично сценарио беше најавено и во вториот сет.
Сепак, Зверев не се предаде, возврати со два брејка,но сепак го загуби одлучувачкиот гем во кој сервираше за освојувае на сетот.
Вториот сет Шаповалов го реши во своја корист по одличниот тај-брејк, а со таква игра продолжи и во третиот, правејќи клучен брејк во вториот гем.
Тој не му даде шанса на Зверев да се врати, па на крајот успеа да закаже четвртфинална пресметка со Рафаел Надал.
https://twitter.com/AustralianOpen/status/1485144821106974720?s=20