Новак Ѓоковиќ призна дека се движел меѓу луѓето во Србија, иако знаел дека е позитивен. Српскиот тенисер наводно бил позитивен на 16 декември. Следниот ден се дружеше со децата, а на 17-ти даде интервју за L’Equipe. По признанието на Ѓоковиќ дека се движел меѓу луѓето знаејќи дека е заразен, стигнуваат реакции од целиот свет.
Хералд Сан верува дека австралиската влада е поблиску до депортација отколку да дозволи Ѓоковиќ да остане и да го игра турнирот. „Да му се дозволи на Ѓоковиќ да остане во земјата и да игра на Австралија опен би бил опасен преседан.
Изворот смета дека владата е подготвена да ја издржи меѓународната реакција, каква и да е таа, за да ги заштити националните интереси. Признавањето дека ги прекршил правилата за изолација откако дознал дека е заразен, може скапо да го чини Ѓоковиќ и во Австралија и во Србија. Максималната казна за лажно сведочење е пет години затвор, а во Србија му се заканува затворска казна до три години.
„Ако сте позитивни, мора да бидете изолирани. Ако г-дин Ѓоковиќ, знаејќи дека е позитивен на коронавирус, бил меѓу луѓето, тогаш тоа е кршење на протоколот“, изјави српската премиерка Ана Брнабиќ за Би-Би-Си.