Хрватската футсал репрезентација во првото коло на Европското првенство, чиј домаќин е Холандија, ја победи Полска со 3:1.

Во првиот натпревар од групата, Русија ја победи Словачка со 7:1 и го потврди статусот на фаворит во групата.

Полјаците беа добро проучени од селекторот на Хрватска и тоа можеше да се види на средбата. Тркачки Полјаците се многу добар тим, моторични и прилично непријатни,но во голема мера беа лимитирани од одлично поставената игра на хрватската репрезентација .

Головите за Хрватска ги постигнаа Матеј Хорват (8), Антонио Секулиќ (14) и Франко Јеловчиќ (18), а за Полјаците Патрик Холи (14).