Русија е победник на Дејвис купот.

Марин Чилиќ не успеа да ја врати Хрватска во игра, и беше поразен од вториот играч на светот Данил Медведев (7:6;6:2).

Медведев на Русите им го донесе третиот Дејвис куп во нивната историја. На овој турнир влегоа како фаворити и ја оправдаа таа улога.

Чилиќ го одигра можеби својот најдобар меч во ова натпреварување, барем во првиот сет, но Медведев покажа исклучителен квалитет. Пресврт беше тај-брејкот од првиот сет, кој заврши во корист на рускиот тенисер.