Надал ја искористи втората брејк топка во првиот сет, по што сервираше без проблеми до крајот за да стигне до 6-3, а нешто слично се случи и во вториот сет, кога Шпанецот со два брејка стигна до убедливи 6-2.
Хачанов за момент покажа дека може да му се спротистави на Надал, откако го освои третиот сет со 6-3, но тоа беше сè од Русинот, кој беше целосно декласиран во последниот сет со 1-6.
Претходно пласман во следното коло обезбедија Кецмановиќ, Монфилс, Беретини, Шаповалов, Карено-Буста и Зверев.