Арман Дуплантис постави нов светски рекорд на Светското првенство во атлетика во сала во Белград, прескокнувајќи 6.20 метри. Фантастичниот Швеѓанец на тој начин стигна до ново светско злато.
Дуплантис сите височини ги прескокна од првиот обид, додека не ја достигна границата од соништата од 6.20 метри. Не успеа од првите два обида, но се надминја себеси во третиот обид.
Светски рекорд за крај на прекрасно организирано натпреварување во Белград.