Во дербито од 18. коло на хрватската прва лига , на Максимир Хајдук го совлада Динамо со 2:0. Првиот гол го постигна Марко Ливаја (60), а вториот Емир Сахити (90 + 4).
Ова е петта последователна победа за Хајдук откако беше преземен од литванскиот стручњак Дамбраускас. Спличанине остварија четири победи во првенството, а една во Купот. Хајдук победи на две гостински дерби, против Риека (3:2) и Динамо (1:0).
Од друга страна, Динамо ја продолжи црната резултатска серија, на последните шест натпревари во сите конкуренции „сините“ остварија само една победа, а ова беше второ последователно загубено дерби по испаѓањето од Риека во средата во четвртфиналето на Купот. По поразот од Риека, Дамир Крзнар поднесе оставка, а неговата улога ја презеде Жељко Копиќ, кој стартуваше со пораз.
Тоа беше прва пресметка меѓу Динамо и Хајдук оваа сезона. На Пољуд требаше да играат во деветтото коло, но потоа дербито беше одложено на барање на Динамо.
Почна претпазливо на двете страни, Хајдук беше малку поактивен, но во првите 20 минути не се забележани посериозни шанси. Првата вистинска можност ја видовме во 24. минута ,Марко Ливаја изведе одличен слободен удар од 18 метри, но Доминик Ливаковиќ одлично реагираше.
Само една минута подоцна гостите имаа уште една одлична можност. Герго Ловренчич нафрли во петерецот но Стипе Биук од одлична позиција со глава шутираше крај голот . Динамо имаше неколку корнери во финишот на полувремето, но ’Сините’ во првото полувреме не се заканија сериозно кон голот на гостите.
„Сините“ ја имаа првата можност во вториот дел. Адеми шутираше од 20 метри во 50. минута, но директно во Калиниќ. Три минути подоцна видовме слична ситуација на спротивната страна, Атанасов шутираше, но директно во Ливаковиќ.
Во 61. минута конечно видовме гол во мрежата на домаќините. Јосип Елез со долга топка го проигра Ливаја, кој му побегна на Теофил-Кетрин, го префрли Ливаковиќ и погоди за водство на Хајдук.
Примениот гол го „натера“ Динамо да заигра поофанзивно, но хрватскиот шампион делуваше немоќно и гостинската одбрана сигурно се бранеше до крај.
Хајдук во втората минута од судиското надополнување ги реши сите дилеми околу победникот. Ливаја одлично ја прими топката во шеснаесетникот, го проигра одлично Сахити, а крилниот напаѓач на белите погоди за 2:0.
https://www.youtube.com/watch?v=tqFS–1qLhg
Во тимот на Хајдук , Јани Атанасов настапи до 81 минута , а кај Динамо Аријан Адеми го одигра целиот натпревар , додека Стефан Ристовски влезе во игра во 46 минута
На табелата води Риека со 36 бодови, Осиек е втор со 35 бодови, Хајдук сега е трет со 33 бодови, додека Динамо е четврти со 31 бод.