Екипата на Рома со пресврт дојде до победа над Венеција (2-1) во натпревар од шестото коло во италијанската Серија А. Римската „волчица“ имаше негатива по првите 45 минути (0-1), но пото успеа да ги освои трите бода со головите на Кристанте и Писили.
Венеција одигра солидно прво полувреме и водеше на паузата со голот на Финецот Јоел Похјанпало, но во вториот дел римјаните ги презедоа работите во свои раце и не дозволија ново непријатно изненадување пред своите гледачи.
Брајан Кристанте израмни на 1-1 во 74. минута, а конечните 2-1 беа дело на Николо Писили, кој беше прецизен девет минути подоцна. Венеција имаше шанса за израмнување и голем бод на „Олимпико“, но резултатот не се промени и Рома успеа да го оствари вториот триумф сезонава.