Еден од тројцата најдобри тенисери на денешницата, Новак Ѓоковиќ, конечно ќе биде дел од следното издание на Австралија опен во Мелбурн, откако австралиските власти му ја укинаа тригодишната забрана за влез во државата поради депортацијата што му се случи на почетокот на годината.
Со ова дефинитивно може да се каже дека светот се врати во нормала и дека коронавирусот повеќе не ги диктира работите во животот, а со тоа и во спортот. Српскиот тенисер не настапи на многу турнири изминативе две години поради ставот да не се вакцинира поради Ковид-19, но тоа најверојатно од 2023 година нема да му претставува проблем за да биде дел од најсилните светски собири.
Ѓоковиќ досега девет пати триумфираше на терените во Мелбурн, па в година во периодот помеѓу 16 и 29 јануари ќе стори се за да дојде до јубилејната десетта круна, нешто што никој досега не го постигнал.