Босанскиот тенисер одигра одличен прв сет во кој успеа да биде подобар од Ивановски со 6-4, но потоа Кијаметовиќ почна да го губи здивот и имаше лош сервис, кој успеа да го искористи македонскиот тенисер и да израмни на 1-1 во сетови, откако го доби вториот со 6-4.
Македонскиот тенисер издоминира во последниот сет, каде што направи неколку брејка и целосно го декласира неговиот ривал, кој освои само еден гем, додека останатите шест му припаднаа на Ивановски (6-1), кој стигна до најголемиот успех во сениорската кариера.