Калин Ивановски пропушти голема прилика да се најде меѓу четворицата најдобри тенисери на јуниорскиот Вимблдон. Македонскиот тенисер беше на два поени од полуфиналето, но пропушти огромна прилика и му дозволи на Роденас да оствари пресврт.
Со 2-1 во сетови (6-3, 6-7, 4-6), Калин загуби од Педро Роденас, кој е за 618 позиции подобар од Македонецот на АТП-листата.
Ивановски стартуваше фанстастично со два брејка и експресно водство од 4-0 во првиот сет, а само по 24 минути веќе поведе со 1-0. Чудесниот пресврт во вториот сет го започна откако губеше со 5-1 во гемови.
Калин го засили темпото, спаси пет сет-топки и надополни четири гема за да избори тајбрејк. Во тајбрејкот Ивановски водеше со 3-0, па и со 5-2, но Роденас се врати и успеа да преживее за да се игра трет, одлучувачки сет.
Во сетот за одлука, Ивановски тргна со негатива од 3-1, успеа да спаси меч-топка при резултат од 5-3 во корист на Роденас, но на крајот сепак загуби.