Аргентинските великани Бока Јуниорс и Ривер Плата нема да играат во четвртфиналето на Копа Либертадорес. Аргентинските гиганти се елиминирани од најквалитетното јужноамериканско фудбалско натпреварување. Ривер испадна по поразот во двомечот со Велез Сарсфилд, а Бока Јуниорс испадна на пенали по поразот од Коринтијанс.

Бока пропушти голема шанса да се најде во четвртфиналето затоа што по првиот меч кој заврши без голови, на реваншот на свој терен пропушти многу шанси за победа. Дарио Бенедето е трагичарот затоа што утна пенал во регуларниот дел, а потоа го префрли голот во решавачката пенал-серија.

 

Еден ден по елиминацијата спортскиот директор Хуан Роман Рикелме пресече – му врачи отказ на тренерот Себастијан Батаља кој по елиминацијата се пожали на тоа што раководството не се потрудило да донесе нови фудбалери и да го засили тимот. Освен тоа на ден пред мечот, за време на тренингот дозволиле телевизиски екипи да дојдат на теренот и да ги снимаат фудбалерите и да земаат интервју со што ја нарушило неговата концепција и подготовката за мечот.

Во Аргентина веќе кружат информации дека Рикардо Гарека ќе биде новиот тренер на Бока. Гарека претходно беше селектор на Перу, а работеше во Палмеирас, Велез Сарсфилд, Санта Фе, Аргентинос Јуниорс и уште неколку аргентински клубови.