Одлуката на австралиската влада по вторпат да му ја укине визата на Новак Ѓоковиќ може да доведе до промена на ждрепката на првиот тениски Грен слем турнир во сезоната на Австралија Опен. Ждрепката беше одложена бидејќи се чекаше одлуката за евентуална депортација на Ѓоковиќ, но таа беше одржана. Сепак, сега може да има промена.
Имено, во случај бранителот на титулата на Австралија опен да не игра, ќе има промени во ждрепката. Ѓоковиќ во првото коло треба да игра против сонародникот Миомир Кецмановиќ. Меѓутоа, доколку Ѓоковиќ по вторпат не ја поништи владината одлука на суд, неговото место на врвот на ждрепката ќе го заземе Русинот Андреј Рубљов, објави Би-Би-Си.
Ѓоковиќ се соочува со депортација откако по вторпат му беше укината визата. Тој не бил вакциниран против коронавирусот, но добил медицинско ослободување за учество на турнирот. Во случај навистина да не настапи на Австралија Опен, Ѓоковиќ би можел да ја загуби првата позиција на светската ранг-листа доколку вториот носител Даниил Медведев или третиот носител Алекс Зверев го освојат турнирот.