Шпанското чудо од тенисер, Карлос Алкараз го оствари својот најголем успех во Њујорк и сега со право може да ужива со моменталното прво место на АТП ранкингот, а во последното интервју зборувал за случувањата по финалето и очекувањата од иднината.
– Ривалството со Синер ќе биде навистина возбудливо, секогаш играме мечеви кои вреди да се гледаат. Исто така сме големи пријатели како Федерер и Надал, – изјавил Алкараз.
– Не знам дали ќе може да се споредуваме со нив по 20 години, тие освоија навистина многу, а јас сум на почетокот. Ако имаме нешто заедничко тоа е желбата за секојдневен напредок, тенисот еволуира и ние мора да го следиме тој процес, – вели Алкарас.