Еминентниот австралиски портал THE AGE објави карикатура на Новак Ѓоковиќ која ја налути Србија. Откако министерот за имиграција Алекс Хок по вторпат му одби виза на Новак Ѓоковиќ, по што му се заканија со депортација од земјата, илустраторот Мет Голдинг ја карикатурира аферата.
На неа ги нацрта Ѓоковиќ и Хок како горат во контејнер. Министерот му ја уништува визата на тенисерот, а под сликата пише „Предност, Ваксери“. Контејнерот во кој се наоѓа дуото е означен со парафразирано лого на Австралија Опен. Неговото „А“ е составено од два шприца, а „О“ како симбол на коронавирусот. Српските медиуми и јавноста се згрозени од ваквото претставување на нивниот национален херој.