Митревски остана во Скопје поради позитивен тест, но во претходните неколку денови направи четири тестови, од кои три антиген и еден ПЦР-тест и сите биле негативни, па денеска ќе има нов тест во Дебрецин.
Доколку и во Дебрецин добие негативен тест, тогаш македонскиот голман ќе биде во конкуренција за последните два натпревари на Македонија во првата фаза од ЕП, кои се играат против Црна Гора во сабота и Данска в понеделник.