Фалангата од многубројни македонски фанови полека се прибира и мобилизира во фан-зоната во Краков пред стартот на македонските ракометари на СП. Противник е селекцијата на Норвешка, избраниците на Лазаров се спремни, а нашите навивачи како и секогаш ќе им бидат огромна поддршка.
Македонските фанови одлично расположени за навивање, ечат песни и желбите се Македонија вечерва да заблеска во сиот сјај.
Од фан-зоната заедно ќе тргнат кон Таурон Арената да ја бодрат нашата репрезентација.