Шкотланѓанецот Енди Мареј испрати порака до најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ, но и до целата јавност по последните случувања со статусот на српскиот тенисер во Мелбурн, каде дојде да ја освои 21. Грен слем титула.
На српскиот играч по вторпат му е одземена визата, сега со одлука на министерот за имиграција Алекс Хок, а по тој повод ривалот на Новак, но пред се голем пријател од јуниорските денови Енди Мареј се огласи по мечот со Опел на турнирот во Сиднеј.
– Ситуацијата не е добра и нема да седам овде и да пукам во Новак додека лежи на земја – изјави Мареј и изрази загриженост за се што се случува со Новак и околу Ѓоковиќ.
– Веќе кажав, ова не е добра ситуација за никого. За жал, таа заврши во оваа ситуација, а кој знае што ќе се случи понатаму? Сега не знам какви процедури се водат. Не знам по кој пат треба да оди сега Новак, дали може да се жали, колку време ќе трае и дали ќе биде уште без тренинзи додека трае целиот процес или ќе може да се натпреварува? Немам поим каква е ситуацијата сега. Се што сакам е се да се реши што поскоро. Мислам дека тоа би било најдобро за сето тоа. Ми се чини дека сето ова траеше предолго, и да, не е добро за тенис, ниту за Австралија опен, не е добро за Новак. Да, очигледно многу луѓе ја критикуваат и австралиската влада. Ова не е добро – заврши Енди.