Бенџамин Александер е поранешен диџеј кој денес стана првиот скијач што ја претставувал Јамајка на Зимските олимписки игри. Во трката во велеслалом, поради исклучително тешките временски услови поради кои времето на трката беше одложена, а многумина не стигнаа до целта, тој заврши на 46. место.
„Ова беше неверојатно тешко“, рече Александар, последниот од оние што ја завршија трката, повеќе од една минута зад освојувачот на златниот медал Марко Одермат.
„Ова беше за сите што мислат дека не им е местото на скијањето. Ви благодарам. Уморен сум, ми треба масажа и пиво“, додаде Александар пред камерата веднаш по трката, кој стана дел од спортската историја на Јамајка, како што беа натпреварувачите со боб.
„Најтешката работа што сум ја направил. Само ми беше важно да завршам. Некои од најдобрите скијачи во светот не ја завршија денешната трка, така што барем јас сум пред нив“, изјави Александар за Еуроспорт.