Кошаркарките на Босна и Херцеговина се пласираа на Светското првенство во Австралија со победата над Јапонија од 87:82.
Вистински подвиг е триумфот над актуелниот олимписки вицешампион, особено затоа што значи прв и историски пласман на БиХ во планетарното натпреварување.
Впрочем, пласманот беше обезбеден откако селекцијата на Белорусија се повлече од квалификацискиот турнир, а таа одлука ја потврди и ФИБА.
Претходно Босна и Херцеговина беше поразена во првото коло на турнирот од Канада со резултат 96:64.
Од 22 септември до 1 октомври во Сиднеј се игра Светското првенство во кошарка за жени.