Фудбалерите на Милан денеска на домашен терен ја совладаа Сампдорија со 1-0 во натпреварот од 25. коло во Серија А и се искачија на првото место на табелата.
Стрелец на единствениот гол беше Рафаел Леао во осмата минута од натпреварот. Тоа беше негов 100. меч за „росо-нерите“.
Милан има 17 победи во лигата и е прв на табелата со 55 бодови, бод повеќе и натпревар повеќе од второпласираниот Интер. Интер синоќа одигра 1:1 против Наполи кој има 53 бода на третото место.
Сампдорија го претрпе 14. пораз и се наоѓа на 16. место на табелата со 23 бода.