Тренерот на Барселона, Чави Хернандез, изјави дека е горд на своите играчи, откако загубија од Атлетик Билбао убедливо со 4-2, поради што неговиот тим испадна уште во четврт-финалето на Купот на Кралот.
Тој верува дека тимот го даде максимумот против многу силен противник.
„Се обидовме со сѐ. Бевме рамноправни против екипа која игра многу силно на домашен терен. Кога сѐ ќе се решава во еден натпревар, така е. Поведовме и потоа имавме шанса да го постигнеме победничкиот гол, но Ламин промаши. Веќе по ждребот реков дека овојпат немавме среќа со противникот кој ни падна. Можеме да бидеме горди што дадовме сѐ од себе“, изјави Чави.
Можеби требаше да им падне уште некој нисколигаш па така Барса да може да се пласира во следното коло на купот, ама таков немаше. Без никаква агресивност на дефанзивниот бедем на играчите на Барселона, и тотално индиспониран напаѓачки ред, освен со ретки исклучоци, без да се шутира кон противничкиот гол не може да се победи. Играчите за врска споро се движат, со чести додавања кон назад а без проигрување на напаѓачите, е така не се даваат голови и нема шанси за победа. Па поранешната фудбалска икона на Барса малку нека се подзамисли! И со што се гордеел со своите играчи, со тоа што загубија и испаднаа во купот!? А сите голови ги примија или на самиот старт или во самиот финиш. За чудење!
Чави додаде- „На крајот го загубивме фокусот и имаше некои грешки. Фудбалот е игра на грешки и не успеавме да ги минимизираме. Сега треба да се опоравиме и добро да се подготвиме за претстојните битки во Ла Лига и во Лигата на шампионите“, додаде стратегот.